Кримински мост () — стар камен мост во Населичко, Егејска Македонија. Ја преминува реката Праморица на патот кој ги поврзува селата Кримин со Цотил.
Мостот има камена петсводна конструкција. Изграден е во 1802 г. со средства на попот Стерјо од Кримин со попадијата. Му се припишува на познатиот градител Калфа Вранга, но веродостојноста на овој податок е неутврдена бидејќи нему му се припишуваат голем број градби.
На 3 септември 1947 г. два лака се дигнати во воздух. Мостот е проширен и покриен со бетонски плочи широки 3,7 м, покриен со асфалт е и по него сообраќаат моторни возила.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина) Категорија:Појавено во 1802 година