Иво Митков Папазов, познат и по своето родено име Ибрјама,Иво Папазов е роден како Ибрјам Хапазов, но бил присилно преименуван од комунистичкиот режим. е бугарски кларинетист, една од водечките фигури на свадбарската музика.

Животопис Роден е како Ибрјам Митков Хапазов на 16 февруари 1952 година во Крџали, во турско-муслиманско семејство на потомствени професионални зурлаџии и кларинетисти.. Во некои свои изјави тој се декларирал како бугарски Ром.Carol Silverman (2012) Romani Routes: Cultural Politics and Balkan Music in Diaspora p.141, Oxford University Press, USA Почнува да свири уште како дете, заедно со својот татко, стекнувајќи големо искуство во свирењето по свадби низ Бугарска Тракија, при што развива сопствен репертоар и карактеристичен стил. Кратко време учи во Градежниот техникум во Крџали, но го напушта училиштето за да работи како музичар.

Иво Папазов го формира оркестарот „Тракија“ во 1974 година во Стара Загора. Оттогаш тој стекнува огромна популарност кај публиката и бројни следбеници меѓу музичарите, поставувајќи го почетокот на еден од двата правци во свирењето кларинет во свадбарската музика (другиот правец е под главно влијание на Младен Малаков).

За време на т.н. „Препороден процес“, тој бил суден и испратен во работен логор поради своето потекло.

Како и целото движење на свадбарската музика, Иво Папазов долго време останал игнориран од официјалната музичка индустрија на комунистичкиот режим. Додека аматерски снимки од неговите концертни настапи се снимале на касети и се распространувале во многуилјадни тиражи, државната дискографска куќа „Балкантон“ дури во средината на 1980-тите издала неколку грамофонски плочи со негови изведби, и тоа на претходно обработена и аранжирана музика од страна на казионни (државни) композитори.

Во септември 1986 година, Иво Папазов со оркестарот „Тракија“ и солистката Марија Карафизиева учествувале на натсвирувањето во селото Стамболово, Хасковско, каде што реализирале шест снимки за „Балкантон“, издадени во албумот „Стамболово ’86“, кој се состоел од две одделни аудиокасети и двојни долгосвиречки плочи.

Кон крајот на 1980-тите успева да потпише договор со британската издавачка куќа Hannibal Records, за која издава два албума со мешавина од џез, тракиска народна, ромска и турска музика. Неговиот прв албум со орк. „Тракија“ е насловен „Патувањето на Орфеј“ (Orpheus Ascending).„Иво Папазов – Ибряма става на 60 години“, в. „Дневник“, 16 февруари 2012 г. За меѓународната музичка јавност го открива Џо Бојд, кој го продуцира неговиот втор албум со оркестарот, Balkanology. Станува меѓународно познат по виртуозноста со која ја претвора свадбарската музика во џез-феномен. По промените на крајот на 1989 година, Ибрјама свири низ целиот свет, во соработка со најдобрите џез-музичари на неколку континенти.

Од 1977 година до нејзината смрт живее со сопругата Марија Карафизиева (1948–2025), која е народна пејачка и долгогодишна солистка на оркестарот „Тракија“. Од 1982 година живеат во старозагорското село Богомилово. Имаат двајца синови – Христо (р. 1987) и Иво (р. 1988).Кристијан Неделчев, Честит рожден ден на Мария Карафезиева, БНР, 03. 01. 2015 г.

Признанија и награди Иво Папазов ужива голем меѓународен углед и се смета за еден од најважните музичари на Балканот. Неговата кариера е одбележана со неколку клучни признанија:

Меѓународен успех: Според музичкиот критичар Гарт Картрајт, Папазов бил „првиот балкански ромски музичар кој освоил широка меѓународна публика со неговите два албума за Hannibal Records, во продукција на Џо Бојд во раните 1990-ти“. Папазов и неговиот бенд имаат остварено и неколку успешни турнеи низ САД. Награда на Би-би-си: Во 2005 година, Папазов ја освои наградата од публиката на светските музички награди на Би-би-си Радио 3 (Radio 3 Awards for World Music). Академско признание: Иво Папазов и Јуриј Јунаков се профилирани во популарниот учебник „Светови на музиката“ (Worlds of Music), 5-то издание. Во ова издание е направена детална анализа на изведбата на „Крџалиска р’ченица“ од нивниот заеднички албум „Повторно заедно“ (Together Again) од 2005 година. Награда „Аполон Токсофорос“: Во 2022 година ја добива престижната награда на бугарскиот фестивал на уметностите „Аполонија“.

Дискографија Студиски албуми Со оркестарот „Тракија“ „Orpheus Ascending“ (1989) „Balkanology“ (1991) „Панаир / Fairground“ (2003) „Каварненски буенек“ (2008)

Самостојни албуми „Цигански танци“ – мала плоча „Космичкиот фолк на Бугарија: Иво Папазов – кларинет, Петар Ралчев – акордеон“ „Тројцата големи на сцената на бугарската свадба: Иво Папазов, Петар Ралчев, Георги Јанев“ „Иво Папазов – кларинет“ (1984) „Иво Папазов – кларинет“ (1990) „Најдоброто / The Best“ (2000) „Together Again: Legends of Bulgarian Wedding Music“ (2005), со Јуриј Јунаков, Салиф Али и Нешко Нешев „Концертот во Каварна: За првпат заедно“ (2005), со орк. „Underground“ „Танцот на соколот“ (2008)„Иво Папазов-Ибряма представя „Танцът на сокола“, Dir.bg

Наводи

Надворешни врски Интернет страницата на Иво Папазов Страницата на Иво Папазов во Мајспејс Статија на радио 3 светски музички награди на BBC

Категорија:Статии со hCards Категорија:Луѓе од Крџали Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1952 година Категорија:Бугарски Роми