Дански јазик — еден од северните германски јазици (или скандинавски јазици), подгрупа на германската гранка на индоевропските јазици. Го зборуваат околу 6 милиони луѓе, главно во Данска, а го зборуваат и 50.000 Данци во северните делови на Шлезвиг-Холштајн во Германија, каде што има статус на малцински јазик. Данскиот јазик е исто така службен јазик и задолжителен училиштен предмет во данските територии на Гренланд и Фарските Острови, коишто сега имаат ограничена самостојност. Во Исланд и Фарските Острови, данскиот, покрај англискиот, е задолжителен странски јазик во училиштата. Во Северна и Јужна Америка, постојат данско-јазични заедници во Аргентина, САД и Канада. Наводи
Надворешни врски Граматика на данскиот јазик, превод: Никола Левандис, рецензија: Ана Алачова
Категорија:Дански јазик Категорија:Северногермански јазици Категорија:Флективни јазици Категорија:Јазици во Германија Категорија:Јазици во Шведска Категорија:Јазици во Норвешка Категорија:Јазици во Данска Категорија:Јазици во Исланд