Гуменџиска Река или Бозечка Река (, Платанорема) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија.

Реката извира во источниот дел на планината Пајак, југозападно од селото Крива. Тече на исток, минува јужно од Крива и излегува од планината во Солунското Поле. Проаѓа јужно од градот Гуменџе, а потоа свртува на југ и ја прима големата десна притока Цикарица. Кај Ангелова Чука ја прима и притоката Сука. Минува источно од Либаово и почнува да тече на југоисток, напоредно на реката Леска. Поминува југозападно од Кушиново и Кониково. Кај Бозец, каде на грчки се нарекува Атира, се приклучува во мрежата на напојни канали во Солунското Поле, и поради тоа повеќе не се влева непосредно во Вардар како некогаш.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Притоки → лева, ← десна ← Цикарица → Пицика ← Цикарица ← Сука → Казан → Вирот → Три Извора → Коџа Дере → Кавакдезме → Кацика

Поврзано Ениџевардарско

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Постол Категорија:Пајак (планина) Категорија:Вардарски слив