Мородвишки платани или Мородвишки чинари, официјален назив Платанови стебла - Мородвис — природна реткост пет стебла чинари (Platanus orientalis) што се наоѓаат во селото Мородвис, Општина Зрновци. Со природната реткост Платанови стебла - Мородвис управува Општина Зрновци, а во име на општината, градоначалникот на Општина Зрновци.
Местоположба Дрвјата се наоѓаат покрај Мородвишка Река.
Опис Платановите стебла имаат различна возрасна структура. Висината на оваа група на стебла се движи од 14 до 18 м. Дебелината на стеблата на градна висина се движи од 3,4 до 6,7 м. Едно од стеблата од оваа група е со видни физички и физиолошки нарушувања, додека другите се одликуваат со прилично добра здравствена состојба со поединечни оштетувања од штетници и трулеж.
Проценка на староста Платановите стебла се одликуваат со различна возрасна структура и старост поголема од 100 години.
Поврзано Список на природни реткости во Македонија
Наводи
Категорија:Поединечни дрва во Македонија Категорија:Чинари Категорија:Мородвис Категорија:Природни реткости во Македонија Категорија:Флора на Македонија