Радош и Мала Река (, порано: Ράδοσι, Μάλα Ρέκα) — планина во Леринско. Највисок врв е Голем Извор (1.011 м).

Опис Ова претставува група од планини и ридови во југоисточниот дел на Леринско, кои се истакнуваат над околината за околу 400 м. Ридестото подрачје нема едно име, а денешното грчкото име Вуна Ксину Неру значи Горновъбенски Планини, по името на најголемата населба на подрачјето Горно Врбени. Меѓу Македонците во употреба се три традиционални имиња — Радош е југозападниот дел на ридовите северно од Ајтос, а Мала Река на целиот северен дел источно од Бел Камен и западно од најисточниот дел — возвишението Кара Дуру. Групата се протега на исток до Нередска Планина (Вич), чиј продолжеток доаѓа до низината на Баница на север и до Долно Неволјани на југ. На исток, превојот Кирли Дервент кај Церово ја двои групата од југозападните краишта на планинскиот венец Мала Ниџе, кој е дел од Ниџе. На север е низината Пелагонија, а на југ е котлината Сариѓол (Кајларско Поле).

Карпите на планината се варовници и конгломерати.

До највисокиот врв се стасува преку патот Горно Врбени — Бел Камен.

+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Голем Извор Ξηρή Πηγή, Γκόλμι Ισβάρ 1.011 СЗ над Горно Врбени Селца Κούλα, Σέλτσα 1.000 СЗ над Горно Врбени Голема, Бајрако Λάβαρο, Γκολέμα, Μπαΐρακο 1.001 СЗ над Горно Врбени Кара Дуру Μαύρη Πέτρα, Καρά Ντουρού 1009 ЈЗ над Церово Свети Атанасиј Άγιος Αθανάσιος 895 СИ над Бел Камен Карлушка Ανεμόδαρτο,ή Καρλούσκα 935 С над Горно Врбени Голема Глава Κάλας, Γκολέμα Γκάβα 893 ЈЗ над рудникот „Баница“ Радош Καψάλα, Ράδοσι, Σεβεσκέραβι 964 Кукос Κούκκος, Κούκος 920 СИ над Бел Камен Πέτρα 980 СЗ над Горно Врбени Προσήλιο 918 С над Ајтос Радош Συντ/χου Χονδρού, Ράδοσι 960 Курија Ύψωμα Συντ/χου Παπαπέτρου, Κουρία 960 СЗ над Горно Врбени Φανάρι 947 С над Спанци, З над Горно Врбени Русфа Леска Φουντουκιές, Ρούσφα Λέσκα 956 С над Горно Врбени Голем Дол 851 ЈЗ над рудник „Баница“ Слани Дол 807 Ј над Вртолом Чакалов Дол 784 Ј над Лесковец

Поврзано Нередска Планина

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Суровичево Категорија:Лерин Категорија:Вич