Ланџанско Езеро (, Лимни Ланѕа) — поранешно езеро во Лагадинско, Егејска Македонија.

Се наоѓало во јужното подножје на Орсова Планина. Наречено е по селото Ланџа, Општина Бешик, кое лежи на неговиот северен брег, а во 1927 г. е преименувано во Лимни (во превод езеро).λίμνη — Грчко-македонски речник, офф.нет

Ланџанското и соседното Мавровско Езеро се од типот на соленикави езера. Двете биле пресушени од властите во 1960 г. со цел да се ослободи обработливо земјиште и како заштита од маларија. Мавровското денес е обновено, но Ланџанското останува историско езеро.

Поврзано Мавровско Езеро (Егејска Македонија) Орсова Планина Лагадинско Поле

Наводи

Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Бешик