Салбутамол, исто така познат и како албутерол е бронходилататор (предизвикува ширење на бронхиите). Спаѓа во групата на β2 адренергични агонисти со кратко дејство кои делуваат преку релаксација на мазната мускулатура на дишните патишта. Се користи во третманот на астма, вклучувајќи и астматични напади, бронхоконстрикција (стеснување на бронхиите) индуцирана од вежбање, и хронична опструктивна пулмонална болест (ХОББ). Салбутамолот вообичаено се користи во форма на инхалатор, но достапен е и во форма на таблети, раствор. Дејството на инхалирачката форма вообичаено започнува за 15 минути и трае два до шест часа.
Во 2025, е четириесет и шести најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 132.000 рецепти.
Наводи
Категорија:Адренорецепторни модулатори Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Антиастматици