Рендина (, Рихиос; старо Ρεντίνα, Рендина) — река во Лагадинско, Егејска Македонија.

Опис Реката истекува од Бешичкото Езеро и тече на исток. Веднаш по селото Рендина во минатото ја примала големата лева притока Масларска Река (Дриста), која подоцна е пренасочена во канал кон езерото. Потоа реката влегува во тесната Рендинска Клисура меѓу планината Сугљани на југ и Псили Рахи (341 м), јужен огранок на Орсова Планина, на север. Во средновековието влезот во клисурата го чувала Рендинската тврдина. По клисурата, реката излегува во низината на Аспровалта и се влева во Струмскиот Залив (наречен и Рендински Залив) на Егејското Море северно од Ставрос.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Името Ρήχιος (на старогрчки Рехиос, македонизирано во Рехиј, а на денешен грчки Рихиос) е обновеното античко име на реката кое се среќава во делото „За градбите“ на Прокопиј Кесариски (VI век). Сепак, поистоветувањето со Рендина не е сигурно.Прокопиј, За градбите, 4, 27

Притоки → лева, ← десна → Неришта (Масларска Река, Дриста) ← Хасан Дере (Хасанолакос)

Поврзано Рендинска битка Рендинска тврдина

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Бешик Категорија:Егејски слив