Света Петка () — црква во градот Лерин, Егејска Македонија, катедрален храм на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
Историја Првата црква „Св. Петка“ е изградена во населба на грчки доселеници во 1934 г. Во 1961 г. црквата станала парохиска, а нејзин прв свештеник бил Теодор Делина од Пополжани. Во 1966 г. почнала изградбата на нов храм за потребите на растечкото население, кој бил завршен и осветен на 26 јули 1974 г. Кон него се изградени машкиот интернат „Три Јерарси“ и старечкиот дом на Леринската митрополија. На 12 јуни 1998 г. во црквата свечено е претставена икона на „Пресвета Богородица Пелагониска“.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Петка Петка, Лерин Категорија:Појавено во 1974 година