Пателски манастир „Св. Пантелејмон и Евула“ () — манастир кај селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
Манастирот е основан во 2004 г. од митрополитот Теоклит Лерински во близина на остатоците од стариот манастир западно од Пателе, меѓу Петерското и Островското Езеро. Стариот манастир е уништен во XIX век од покачениот водостој на Островското Езеро. Во манастирската црква се чува вредна икона на Свети Пантелејмон од XIX век.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Категорија:Цркви во Суровичево (општина) Категорија:Манастири во Суровичево (општина) Категорија:Манастири во Леринско-преспанско-еордејската епархија Категорија:Цркви во Леринско-преспанско-еордејската епархија Категорија:Појавено во 2004 година