Кафеавокожеста гулапка (латински Russula integra), е вид на јадлива габа од родот Гулапка. Една од огромниот род на Гулапка, се наоѓа во четинарски шуми низ Европа и Северна Америка. Со благ вкус, се јаде и се консумира во Средна Европа. Кафеавокожеста гулапкаНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВидови:R. integraБиномен називRussula integra(L.) Fr.

Опис Шапката на почетокот е речиси обликувана како сфера и набрзо станува раширена со подигнати рабови,како пехар,на средина е вдлабната; таа е со димензии од 6-12 см широка. Кутикулата на шапката е сјајна, варира во бојата, но обично е кафеава и обоена со виолетова, виолетова, жолта или зелена боја. Ливчињата се дебели, широко распоредени, лесно се кршат на мали парчиња, на почетокот се бели, а потоа на крајот стануваат светло жолти. Дршката е дебела и бела, но со возраста има дамки жолти или румени; достигнува висина 5-12 см долги и 2-3 см дебелина. Месото е бело, многу цврсто,мирисот пријатен и има благ вкус. Отпечатокот на спорите е жолто- окер боја, широко елипсовидено и има амилоидни брадавици.

Јадливост Авторите на Големата енциклопедија на печурките рекле дека видот има крцкава текстура и има вкус на орев. Јадлива со многу добар квалитет. Популарна е за јадење и во Северна и Средна Европа. На романски, печурката се нарекува pâinişoară („мал леб“) поради нејзината јадливост и перципираниот вкус и текстура.DEX Online Дејвид Арора рекол дека видот е добар кога е млад. Постојат видови со непозната јадливост кои изгледаат сличности на овој вид. Според една студија од 1878 година, труењето од овој вид порано било често, но сега е ретко. Студијата заклучила дека долгото готвење ги ослободува неговите отровни својства, но дека брзите кулинарски процеси не ги ослободува неговите отровни својства како што е печењето.

Слични видови На Кафеавокожеста гулапка, слична е и може да дојде до замена со Подмолна гулабка, Russula firmulaкоја е многу помала и Russula adulterina, сите имаат бело стебленце, жолти спори и цврсто месо. Покрај жолтите ливчиња, овие печурки имаат мошне лут вкус за разлика од Кафеавокожестата гулапка која има сладок вкус.

Живеалиште Дејвид Арора рекол дека видовите се широко распространети и најчесто може да се најдат расфрлани под четинари. и авторите на Големата енциклопедија на печурките рекле дека видот најчесто расте во лето и во есен во иглолисни шуми во планините.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Габи Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка