Обична жолта гулапкаНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R. ochroleucaБиномен називRussula ochroleucaFr. (1838)Синоними Agaricus ochroleucaus Pers. (1801)

Обична жолта гулапка Миколошки одлики жабри на химениум шапката е конвексна химениумот е слободен или дополнет дршката е гола отпечатокот на спори е бледо окер екологијата во микориза јадливост: за јадење, но непријатно Обична жолта гулапка (латински; Russula ochroleuca) е припадник на родот Гулапка. Веќе неколку години е општо познатa како обична жолта гулапка, а подоцна и окер кршлива гулапка. Распространета е и честа се појавува во мешаните шуми.

Таксономија Обичната жолта гулапка првпат била забележана и именувана како вид на Шампињон од страна на пионерскиот јужноафрикански миколог Кристијан Хендрик Персон во 1801 година.

Опис Шапката е жолта како жолчка на јајце со димензии од 5-12 см широка, првично конвексна, подоцна рамна или малку вдлабнато. Маргините на шапката стануваат избраздени кога созрева и кожичката се лупи до две третини. Кожичката е малку леплива, и често и се лепат лисја и други остатоци кога е влажно. Жабрите се бели до сивкасто бели, и се аднексирани. Дршката е висока од 3- 7 см , 1-2 см дебела, цилиндрична, бела или подоцна сивкава. Вкусот е благ до умерено зачинет. Нејзините жабри се бледо окер и се прикачени на дршката речиси слободно. Сите делови на габата стануваат темно сиви при стареење или помодруваат.

Мирисот е овошен, отпечатокот на спорите е бледо окер, а овалните брадавички спори се просечни 9,5 x 8 микрометри..Јадливата, но остра Russula ochroleuca наликува на овој вид, но има поматна жолта капа.

Може да се помеша со Гулапката Russula claroflava која има сличен изглед но многу подобар вкус.

Распространетост и живеалиште Обична жолта гулапка расте во листопадни и четинарни шуми, каде што (барем во северозападна Европа) е многу честа појава. Прилично честа појава кај четинарите, под бреза и јасика во северните држави.

Јадливост Иако се смета дека е јадлива, не е позната како особено вкусна. Лесно е до умерено лута.

Галерија

Наводи

„Дански габи. Basidiesvampe“ [клуч за данските базидиомицети] JH Petersen и J. Vesterholt eds. Гилдендал. Виборг, Данска, 1990 година.ISBN 87-01-09932-9

Категорија:Габи на Македонија Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа