Russula gracillimaНаучна класификација Царство:FungiКолено:BasidiomycotaКласа:AgaricomycetesРед:RussulalesСемејство:RussulaceaeРод:RussulaВид:R. gracillimaБиномен називRussula gracillimaJul.Schäff. (1931)

Russula gracillima, е габа од родот Гулапка попозната како витка кршливка. Таа е мала, бледа, кршлива габа со долга дршка поврзана главно со бреза и е повремена во Европа, Азија и Северна Америка.

Таксономија За прв пат е опишана од германскиот миколог Јакоб Кристијан Шефер во текот на 18 век. Специфичниот епитет доаѓа од латинската придавка gracilis, што значи тенок.

Опис Шапката е 2–6 cm во пречник. Обично во центарот е тапа зеленикава или маслинеста, и со розова маргина, иако може да биде само една од овие бои или понекогаш бледо виолетова. Отпрвин е конвексна, но подоцна се израмнува, а понекогаш има и мала централнавдлабнатина. Кожата на шапката се лупи од една третина до половина, а позрелите примероци често имаат избраздена маргина. Кревката, бела или бледо сиво-розова дршка е долга колку големината на шапката. Ливчињата се малку отпуштени, со бледо крем боја и дава отпечаток на спорите со иста боја. Тие немаат никаков рез или засеци на нивните слободни рабови. Месото е бело и има умерен вкус.

Слични видови се Russula betularum, кои често се среќаваат во близина на брезите, и иако обично се побледи може да се помешаат со измиени примероци на R. racillima . Исто така, Russula fragilis е многу слична и расте на истите локации. Обично е потемно и повеќе виолетова, и има напки (назаби) на рабовите на ливчињата.

Распространетост и живеалиште Russula gracillima се појавува повремено во лето до доцна есен, обично расте во мали групи со бреза, или понекогаш врба на влажни места. Распространета е во северните умерени зони во Европа, Азија и Северна Америка.

Јадливост Јадливоста на Russula gracilis е непозната.

Наводи

Категорија:Габи на Македонија Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка Категорија:Габи на Азија