Александар Матковски (влашки: Leko Matku, Леко Матку; , - , ) — македонски историчар и прв доктор на историски науки од Македонија и прв ориенталист. Автор на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“.

Живот

Подолго време (до 1936 година), тој живеел во Гостивар, а потоа се преселил во Скопје. Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941 година), бил уапсен на 2 јуни 1942 година, и како малолетник бил осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал во Скопје, Варна и Идризово (Скопско, до 29.VII.1944). По бегството од затворот, тој се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Во затворските денови напишал многу песни на македонски јазик, зачувани во архивот на МАНУ, дел од нив и објавени по ослободувањето. Завршил Учителска школа 1947 година во Скопје. Во 1949 година, тој ја завршил Вишата педагошка школа во Белград. Тој дипломирал по смерот Историја на Филозофски факултет во Скопје, во 1951 година. Во 1957 година, тој ја одбранил докторската дисертација на тема „Ѓурчин Кокалески (1775-1863)“ во Загрепскиот универзитет. Дополнително, во 1961 година, тој го завршил смерот Ориентална филологија на Филолошкиот факултет во Белград. Тој бил добитник на повеќе награди и признанија. Тој станал член на МАНУ во 1985 година.

Објавени дела мини|лево|Грб на Македонија од почетокот на XVI век од грбовник од книгата на Матковски

„Ѓурчин Кокалески (1775-1865), прилог кон прашањето за создавање на селска, сточарска трговска буржоазија во Македонија“, Скопје 1957 „Хроника на земјотресот во Скопје“, Скопје 1964 „Грбовите на Македонија“, Скопје 1970 „Уште една Мариовска буна (1688/89 г.)“, Скопје, 1970 „Диетот-Крвнината“, Скопје 1973 „Крепосништвото во Македонија“, Скопје 1978 „Историја на Евреите во Македонија“, Скопје 1982 „Отпорот во Македонија“, Скопје 1983 „Македонскиот полк во Украина“, Скопје 1983

Надворешни врски Документарец за Александар Матковски

Наводи

Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Македонски Власи Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски ориенталисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски академици Категорија:Македонски хералдичари Категорија:Југословенски Власи Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски ориенталисти Категорија:Југословенски партизани Категорија:Југословенски академици Категорија:Југословенски хералдичари Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Загрепскиот универзитет Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Притвореници и затвореници во Бугарија Категорија:Бугарски притвореници и затвореници