Свети Никола () — црква во селото Трсје, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.
мини|лево|180п|Икона на Свети Наум Охридски.
Изградбата на храмот ја покренал учителот Отец Герасим од Трсје, кој се вратил од Света Гора и ги организирал соселаните да изградат нова црква.Биогафски белешки за Отец Герасим Келуѓерот по спомените на Васил Јанков, Димитър Стојанов, Паско Атанасов и Светко Николов од с. Трсје, Леринско, во: Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Звезди, София, 2005, стр. 10. Изградена е од мајсори од Бел Камен. На плоча е напишан датумот 15 јули 1864 и името на главниот мајстор Константин Белкаменски. Во архитектонски поглед градбата е трикорабна базилика во западномакедонски стил со дрвен покрив, трем од југ и нартекс и женска црква над него. Забележителен е разбаниот и насликан иконостас со 61 икона изработени од Адамче Најдов во XIX век, разбаниот амвон и двата резбани владички престола. Десната страна на иконостасот со иконата на Архангел Махаил е платена од семејството Манговци-Поп Јованови. Во храмот има зачувани икони од пред 1800 г. Натписите во него се словенски, а Отец Герасим пеел на црковнословенски. По неговата смрт во 1889 г. отецот е погребан во храмот, до проскомидијата. Внатре во црквата се зачувани седум царски икони од XIX век, 54 икони вградени во дрвениот иконостас и една икона од 1801 г. поставена на амвонот.
Храмот имал убава камбанарија висока 15 м со два врежани портрета. Срушена е од леринскиот управник Цакцирас.
Црквата е прогласена за споменик на културата во 1994 г.
Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија
Наводи
Никола, Трсје Никола, Трсје Категорија:Споменици на културата во Лерин (општина) Категорија:Појавено во 1864 година