„Пепелта е најчистото бело“ (кинески: 江湖儿女) — филм на режисерот Џија Жанке од 2018 година. Главните улоги ги играат: Тао Жао, Фан Лијао и Јинан Дијао.РТС, Пепео је најчистије бео (пристапено на 15.4.2022)

Синопсис Филмот претставува приказна за една насилна љубов која трае дури 16 години. Во 2001 година, во некогашниот рударски град Датонг живее гангстерот Бин. Во него се вљубува Кијао која, во една прилика, кога Бин е опколен од припадниците на протвничката банда, го зема неговито пиштол и пука во нив. Поради тоа, Кијао е уапсена и осудена на затворска казна во траење од пет години. Додека ја отслужува казната, Бин ниту еднаш не ја посетува неа. Кога излегува од затворот, Кијао дознава дека Бин има друга девојка, така што таа се враќа во Датонг каде станува сопственичка на мала кафеана. Неочекувано, 16 години подоцна, Бин ѝ се јавува на Кијао, а кога се среќаваат, таа сфаќа зошто: Бин е во инвалидска количка. Сепак, Кијао почнува да се грижи за него...

Наводи

Категорија:Кинески филмови Категорија:Љубовни филмови Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филмови на кинески јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Кина Категорија:Филмови од 2018 година Категорија:Филмови на Џија Жанке Категорија:Филмови со Јинан Дијао Категорија:Филмови со Фан Лијао Категорија:Филмови со Тао Жао