Лангански манастир „Св. Петка“ — манастир кај селото Ланга, Кајларско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.

Манастирот е изграден врз темелите на византиска црква, откриени во 1932 г. од една селанка. Најпрвин тука е изграден мал храм, кој во 1966 г. е претворен во манастир од митрополитот Василиј Лерински. Во текот на следните десетлетија тој доживеал расцут под водство на владиката Августин Лерински.

Поврзано Леринско-преспанско-еордејска епархија

Наводи

Категорија:Цркви во Еордеја Категорија:Манастири во Леринско-преспанско-еордејската епархија Категорија:Цркви во Леринско-преспанско-еордејската епархија Категорија:Појавено во 1966 година