Свети Илија — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Св. Илија“.

Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 19 септември 2002 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. Црквата била осветена на 22 април 2007 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.„Ораовичко-воиславска парохија “. Брегалничка епархија.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата, а над влезот од припратата има плитка квадратна ниша со мозаик на којшто е прикажан Свети Илија. Црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот е граден од тули коишто се забележливи на рабовите од вратите и прозорците, а во целост е покриен со кров од ќерамиди. Иконите во црквата се изработени од зографот Тони од Радовиш.

Галерија

Поврзано Воиславци Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“ Воиславски манастир „Св. Илија“ Воиславски манастир „Св. Јован Крстител“ Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара) Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова) Црква „Св. Илија“ (стара) Црква „Св. Јован Крстител“ Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Димитриј“ Црква „Св. Теодор“ Радовишко архијерејско намесништво Ораовичко-воиславска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Воиславци Категорија:Воиславски манастир „Св. Илија“ Воиславци