Музеј на холокаустот на Грција (), официјално Меморијален музеј на Холокаустот и Едукативен центар на Грција за човекови права — музеј во изградба на Холокаустот во Солун, Грција. Неговата изградба била предложена во 2016 година и делумно е финансирана од Сојузна Република Германија ( ), со поддршка од општина Солун и градоначалникот Јанис Бутарис. Вкупните трошоци за изградба се проценуваат на 25 милиони евра Камен- темелникот бил поставен на 30 јануари 2018 година
Солун бил избран пред Атина поради степенот до кој страдал за време на Втората светска војна. Солун од почетокот бил под германска окупација, наспроти поголемиот дел од Грција кој бил окупиран од Италија или Бугарија. Адолф Хитлер планирал да го вклучи градот во Третиот Рајх како одмазда за неговото учество во Првата светска војна (Солунски фронт).
Во 1942 година, германските сили започнале со спроведување на Нирнбершките закони во градот и им наредиле на машките Евреи да се регистрираат на плоштадот Елефтерија, каде што биле јавно мачени и понижувани пред да бидат принудени на труд. Во близина на железничката станица било формирано еврејско гето. Во 1943 година, 56.000 Евреи од градот биле депортирани, со употреба на 19 возови на Холокаустот, во концентрационите логори Аушвиц и Берген-Белзен, каде што 43.00049.000 од нив биле убиени. Патувањето со воз од Солун до концентрационите логори било најдолго од сите возови на Холокаустот, а Евреите морале да си купат билет.
Помеѓу 15 и почетокот на 20 век, Солун бил единствениот град во Европа каде Евреите биле мнозинство од населението. Меѓутоа, само 2.000 Евреи се вратиле по војната, а помалку од 1.000 останале денес. Севкупно, 80.000 грчки Евреи, или 85% од вкупното еврејско население, биле убиени во Холокаустот.
Наводи
Категорија:Музеи во Солун Категорија:Евреите и јудаизмот во Грција Категорија:Холокаустот во Грција