мини|Поглед кон Лавов Лавовската Област () — една од 24-те области на Украина. Се наоѓа во најзападниот дел на земјата. Taa е дел од историската област Галиција (Источна Галиција). Граничи со Волинската, Ивано-франковската, Закарпатската и Тернополската Област. На запад, Лавовската Област граничи со Полска. Опфаќа површина од 21.833 км2. Во областа има 1.849 села и 44 града.

Историја

1795 — 1918, Источна Галиција заедно со полската Западна Галиција е дел на Австрија, а потоа на Австроунгарија под името Кралство Галиција. Западноукраинска Народна Република 1918 — 1921 Дел на Полска 1921 — 1939 Советскиот Сојуз ја анектира Источна Галиција (1939) Од 1939 година, под името „Лавовска Област“, областа е дел на Украинската ССР. Во 1959, територијата на Дрогобичката Област влегува во Лавовската Од 1991 година, областа е дел на независна Украина.

Демографија

Според пописот на населението во 2001 година, во Лавовската Област живеат најмногу Украинци (90%), а останатите се Руси (200.000), Пољаци, Германци, Евреи.

Религија

56% се припадници на Украинската гркокатоличка црква, втора по големина е Украинската автокефална православна црква , а има припадници и на Римокатоличката црква.

Наводи

Надворешни врски

Службена страница

Категорија:Држави и територии настанати во 1939 година