Света Петка () — црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Црквата е изградена во XV век како џамија, веројатно мавзолеј на некој од наследниците на Евренос-бег, опишан од Евлија Челебија како направен од големи камења. Во 1947-1948 г. архимандритот Никандар Папајоану, сопственик на плац и на градбата, ја претворил џамијата во црква. Во 1951 г. го подарил храмот, светиот кладенец и целата парцела на Воденско-постолската митрополија. Црквата работела како манастир околу четириесет години и има помошни градби и конаци. Од октомври 1995 г. храмот има улога на парохиска црква, а до него има гробишта.

До храмот е изградена нова поголема црква.

Црквата е прогласена за историски споменик на 13 јуни 1990 г.

Историја Првобитната градба е предниот дел на денешната црква — осумаголно здание типично за мавзолеите од XV век, со должина на ѕидот од 3,5 м и висина на куполата од 7 м . Подоцна таа служела како манастир. Направени се аркхитектонски измени и изградена е камбанарија на местото на урнатото минаре. Живописувањето е дело на зографите Карлас, Вирон и Аврамидис. Иконите се дело на монаси од манастирот „Св. Дух“ во Оропос, Источна Атика.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Петка Петка, Пазар Категорија:Џамии во Пазар Категорија:Споменици на културата во Пазар Петка, Пазар