Свети Петар и Павле () — православна црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Црквата се наоѓа во јужниот дел на Кариотското Маало.
Историја На местото на црквата порано имало медреса. Во 1930-тите медресата се користела како склад за гориво. За време на Втората светска војна Германците ја користеле како затвор, а потоа во неа се сместени сиромашни семејства. во 1950-тите години медресата веќе била урнатина, па затоа е срушена. Во 1962 г. на нејзино место почнала да се гради црква, конечно осветена од митрополитот Калиник Воденски на 1 октомври 1972 г.
Опис Храмот претставува крстокуполна базилика долга 27 м, широка 18 м и висока 18 м. Покривот е на четири води со ќерамиди. Во северозападиниот дел на црквата има доградена камбанарија.
Фреските се дело на Ставрос Госпудинис, а повеќето преносливи икони ги насликал Димитриос Рицос. Иконостасот е резбан.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Петар и Павле Петар и Павле, Пазар Категорија:Споменици на културата во Пазар Категорија:Појавено во 1972 година