Свети Врач или Свети Бессребреници Кузман и Дамјан () — преродбеничка црква во селото Лугунци, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е гробишен храм, сместен југозападно од селото во меснота Селиште. Црквата е изградена во 1863 г. што се гледа од надвлезниот натпис.

Грабата претставува трикорабна базилика со два влеза на јужната страна, каде е женската црква. Покривот е направен со камени плочи, а на источниот крај од јужната странаима камбанарија. Југоисточно од камбанаријата е откриен римски натпис, а на неколку метри од црквата е најдена мермерна статуа на маж од истиот период.

Таванот и иконостасот се дрвени, а женската црква служи како костурница. Црквата е зографисана — се издвојуваат мачеништвото на Света Злата Мегленска, Света Злата, Зосим, преподобна Марија Египетска, смртта на праведникот и грешникот, судот на Пилат, обесувањето на Јуда и камшикувањето на Христос.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Врач, Лугунци Врач, Лугунци Категорија:Појавено во 1863 година