мини| Поплавена рамнина (на средина) во рамките на алувијална рамнина во Нов Зеланд (дел од рамнините на Кантербери). Алувијална рамнина (од латински: alluvialis „нанос“) е претежно рамна форма на земјиштето создадена со таложење на речни наноси во долг временски период од една или повеќе реки кои доаѓаат од повисоки региони, при што се формира алувијална почва. Поплавна рамнина е дел од процесот на формирање на алувијални рамнини, и се однесува на помала површина која е поплавувана од реките во одреден временски период. За разлика од нив, алувијална рамнина е поголема површина од регионот каде што поплавните рамнини се преместиле во текот на геолошките времиња.
Тие настанале од акумулационите наноси на реките и нивната почва се состои од речни наноси (глина измешана со ситен песок) и лес. Речните корита во ваквите рамнини се плитки, па и при мало зголемување на водостојот, реките се излеваат и го поплавуваат околното земјиште. Денес поголемиот дел од алувијалните рамнини се заштитени од поплави и се претворени во обработливо земјиште.
Примери
Дунавска Низина во Бугарија и Романија Индоганшка рамнина и Пенџаб во Индија, Пакистан и Бангладеш Punjab Plain, Encyclopædia Britannica Долините на реката Искар во Бугарија Делтата на Меконг во Виетнам Мезаорија во Кипар Месопотамија во Ирак Северна Кинеска Рамнина во Кина Долината Палакарија во Бугарија Долината на реката По во Италија Долината на Струма во Бугарија Долините на Тунџа во Бугарија Баетичка депресија во Андалусија, Шпанија Долината на Санта Клара во Сан Хосе, Калифорнија Santa Clara Valley Groundwater Basin, East Bay Plain Subbasin
Поврзано
Алувијална лепеза Алувиум Крајбрежна рамнина Речна делта
Наводи
Категорија:Географски поими Категорија:Рамници Категорија:Водотечни земјишни облици