Свети Ѓорѓи () — средновековна црква во селото Долно Граматиково, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа југозападно од селото. Изградена е во 1175 г. според стар натпис. Внатре има друг натпис во кој се споменува годината 1667 — веројатно годината кога е обновен. Во црквата има зачувани вредни фрески и вреден иконостас.

Во 1969 г. храмот е прогласен за споменик на културата.

Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Долно Граматиково Ѓорѓи, Долно Граматиково Категорија:Споменици на културата во Воден (општина) Категорија:Појавено во 1175 година