Свети Ѓорѓи () — средновековна црква во селото Галишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Историја Црквата била првобитно била главна црква на стар манастир. Изградена е во XI или XII век, и поконкретно средината на XII век според првиот живописен слој. Вторите живописи се од 1287 г., како што вели еден натпис.

Во 1684 г. селото Галишта заедно со црквата „Св. Ѓорѓи“ и селото Чука со манастирот „Св. Архангели“ му се дадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“ како негов имот.D. M. Nicol. Two Churches of Western Makedonia, в: Byzantinisch Zeitschrift, t.49. pp. 99-100, 1956

Според Трпо Поповски и Златко Каратанасов, во 1872 г. при случајно кутнување на еден ѕид во црквата откриена е ризница на старословенски ракописи на пергамент, но истите се изгорени од костурскиот митрополит Никифор.Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство Фама, София, 2006, стр. 28 – 29.Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София 2003, с. 235

Во 1924 г. храмот е прогласен за споменик на кулурата.

Црквата е реставрирана во 1950 г. и повторно во 1989 г.Άγιος Γεώργιος - Ομορφοκκλησιά ΚαστοριάςСайт на бившия ном Костур

Архитектура Првичната црква била крстокуполна со нартекс, а подоцна ѝ е придодаден втор напречен кораб, вклучувајќи ги во себе дотогаш одделната камбанарија и галеријата со параклиси од северната и јужната страна. Градбата архитектонски наликува на „Пресв. Богородица Перивлептос“ во Охрид.

Живопис Првичнот живописен слој е запазен само во фрагменти, откриени при реставрација. На западната страна на новиот кораб има добро зачувани фрески од 1287 г. Фрески од првиот период се зачувани, и ги има и во горниот кат на камбанаријата. Во северниот ѕид на храмот има уникатна икона на Свети Ѓорѓи од XIII или XIV век, каде тој е преставен полн раст во речиси висок релјеф и во висина од 2,6 метри.

Литература Α. Πέτκος,-Μ. Παρχαρίδου, Ανάγλυφη εικόνα του Αγίου Δημητρίου από την Ομορφοκκλησιά Καστοριάς, Μακεδονικά, τ. ΛΒ΄, Θεσσαλονίκη 2001 Резюме Мавродинов, Никола. Проучвания върху старобългарското изкуство (отпечатък от Годишник на народния музей, кн.VI /1932-1934/)

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Ѓорѓи, Галишта Ѓорѓи, Галишта Категорија:Споменици на културата во Костур (општина)