Ракометен клуб Борац Бања Лука (српски: Рукометни клуб Бопац Бања Лука) — ракометен клуб од Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Тој е дел од спортското друштво Борац.
Сојузната лига на Југославија била основана во 1957 година. Ракометниот клуб Борац станал нејзин член и оттогаш се натпреварувал во лигата до распадот на СФР Југославија во 1992 година. Борац бил шампион на СФР Југославија седум пати помеѓу 1959 и 1981 година.
Покрај тоа, РК Борац Бања Лука дванаесет пати го освоил Купот на Република Српска помеѓу 1993 и 2013 година. Купот не се одржал во 1995 година поради воени активности.
Од 1993 до 2001 година се натпреварувал во првата лига (тогаш највисок ранг) на Република Српска, во која бил шампион во сите осум сезони. По тој период е основана заедничката лига на Босна и Херцеговина, во која Борац се натпреварува и денес.
Eвропски шампион Во сезоната 1975/1976 година, клубот од Бања Лука ги освоил првенството и купот на Југославија и ја освоил титулата европски првак. РК Борац станал европски првак на 11 април 1976 година, победувајќи го данскиот шампион СД „Борик“ во финалниот меч во со 17:15. Натпреварот го следеле околу 5.000 гледачи. Со овој успех РК Борац станал првиот клуб од БиХ кој ја освоил титулата европски првак.
Следниве играчи биле крунисани за европски шампиони во 1976 година: Милорад Каралиќ, Здравко Раѓеновиќ, Неѓељко Вујиновиќ, Абас Арсланагиќ, Добривоје Селец, Момо Голиќ, Небојша Поповиќ, Миро Бијелиќ, Раде Унчанин, Слободан Вукша, Боро Голиќ, Зоран. Тренер на тимот бил - Перо Јањиќ.
Достигнувања НатпреварувањеБројГодинаДржавно првенство - 12Првенство на СФР ЈугославијаПобедник 71958/59, 1959/60, 1972/73, 1973/74, 1974/75, 1975/76, 1980/81.Втор41961/62, 1968/69, 1984/85, 1989/90.Првенство на БиХПобедник 5 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2016/17, 2019/20.Втор51999/00, 2008/09, 2009/10, 2010/11, 2011/12.Државен куп - 17Куп на СФР ЈугославијаПобедник 101956/57, 1957/58, 1960/61, 1968/69, 1971/72, 1972/73, 1973/74, 1974/75, 1978/79, 1991/92.Финалист?1984/85.Куп на БиХПобедник 7 2006/07, 2010/11, 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2017/18, 2018/19.Финалист11999/00.Република Српска - 21 Првенство на Република СрпскаПобедник 81993/94, 1994/95, 1995/96, 1996/97, 1997/98, 1998/99, 1999/00, 2000/01.Финалист0/Куп на Република СрпскаПобедник 13 1992/93, 1993/94, 1994/95, 1996/97, 1997/98, 1998/99, 1999/00, 2000/01, 2008/09, 2009/10, 2011/12, 2012/13, 2017/18.Финалист0/Меѓународни натпреварувањаЕХФ Лига на ШампиониПобедник11975/76.Финалист11974/75.Полуфинале0/ЕХФ Европска ЛигаПобедник11991.Финалист0/Полуфинале0/Останати натпреварувањаТрофеј ДобојПобедник 41967, 1970, 1971, 1973.Финалист
Категорија:Бања Лука