Свети Архангели Михаил и Гаврил () — црква во селото Нестрам, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот се наоѓа во маалото Горнени. Изграден е во 1858 г. Претставува голема трикорабна базилика со шест мали надолжни куполи. Изградена е од месни мајстори на местото на постар храм користејќи делкан камен. До 1950 г. во неа се чувала уникатна дрвена статуа на Свети Ѓорѓи, слична на онаа во „Св. Ѓорѓи“ во Галишта. Денес за неа се знае само од описи. Во црквата стои забележителен дрвен иконостас со фина резба и вредни икони од XIX век. Во храмот се зачувани и два проскинитара со впечатлива резба, од кои на десниот има исклучлително вредна икона на Богородица од 1780 г, дело на зограф од Линотопи со дарителски натпис на линотопоското семејство Димитриу.
Во 1971 г. е изградена нова камбанарија, на поинакво место од старата. Сместена е на западната страна на храмот и претставува многуаголна камена градба со две камбани.
Галерија
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Надворешни врски
Архангели, Нестрам Архангели, Нестрам Категорија:Појавено во 1858 година Архангели, Нестрам