Жичница на замокот Буда или Будавари Сикло — жичница во градот Будимпешта, Унгарија. Ги поврзува плоштадот Адам Кларк и Сечењиевиот ланчен мост на ниво на реката со замокот Буда погоре.
Линијата е отворена на 2 март 1870 година, а е во општинска сопственост од 1920 година. Уништена е во Втората светска војна и повторно отворена на 4 јуни 1986 година. Одлика на линијата се двата пешачки моста што минуваат над неа . Тие биле присутни кога се отворила линијата, биле отстранети во 1900 година кога градината на замокот била проширена и повторно изградени според оригиналниот дизајн во 1983 година.
Историја мини|Жичницата Изградбата на линијата започнала во јули 1868 година, првото пробно возење било на 23 октомври 1869 година. Сикло работи за јавноста од 2 март 1870 година. Оваа жичница била втора во Европа, само Лион имал сличен транспортен систем во тоа време.
За време на Втората светска војна кабините и терминалите биле уништени со гранатирање.
Остатоците од жичницата потоа биле демонтирани. Подоцна се размислувало за замена со ескалатори. Реконструкцијата на жичницата била решена во 1965 година и биле направени повеќе планови, но градежните работи задоцниле. Во 1975 година бил пуштен во употреба мидибус помеѓу двата терминали (линија „V“).
Технички параметри Линијата ги има следните технички параметри:
Должина: 95 метри Висина: 51 метри Градиент: 31,75° Кабини: 2 Капацитет: 24 патници по кабина Конфигурација: Двоен колосек Максимална брзина: 1,5 метри во секунда Ширина на колосек: 1.435 mm стандарден колосек Влечење: електрична енергија Време на патување: 1 1/2 минути
Линијата е управувана од BKV (Транспортно претпријатие Будимпешта) и работи од 07.30 до 22.00 секој ден.
Наводи
Категорија:Сообраќај на Будимпешта Категорија:Будимпешта Категорија:Жичници