Земјотресот кај Драч во 2019 година бил со моментна магнитуда од 6,4 на околу 30 километри западно од Тирана, односно 7 километри северно од Драч во Албанија . Главниот земјотрес бил во 3.54 часот по месно време, на 26 ноември 2019 година. Епицентарот на земјотресот бил во поширокото подрачје на селото Туман, а хипоцентарот на длабочина од 20 километри. Во земјотресот загинале 51 лице, а 3.000 биле повредени.
Одлики Земјотресот е последица на сеизмички активности во зоната на конвергенција помеѓу евроазиската плоча и малата јадранска микроплоча . Имено, Јадранската плоча се движи во правец север - северозапад и се судира со евроазиската, а на местото на судирот се јавува подвлекување . Околината на Драч лежи во Периадранската Низина, сеизмичка зона што ја опфаќа областа на западна крајбрежна Албанија. Во оваа зона доминираат постплиоценски коси навлаки .
Последици Како последица на земјотресот во Драч и неговата околина, загинало 51 лице, а 3.000 луѓе биле повредени. По главниот земјотрес, над 400 помали земјотреси, таканаречените афтершокови, ја погодиле областа околу Драч. Во текот на ноќта меѓу 27 и 28 ноември имало два посилни земјотреси во околината на Драч, со јачина од 4,2 и 4,7 степени. Најсилниот последователен потрес бил со магнитуда 5,1, кој се случил во 10:52 часот по месно време, 28. ноември.
</br>Главниот земјотрес, како и оние послабите земјотреси, се почувствувани не само во Албанија туку и во другите земји од регионот - Црна Гора, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од Србија.
Штета Земјотресот предизвикал големи материјални штети, најмногу во селото Тумане, како и во градовите Драч и Тирана . Илјадници луѓе останаа без покрив над главата, а за нив било обезбедено привремено сместување во училишта, хотели и спортски објекти.
Поврзано
Земјотрес во Краљево 2010 година Земјотрес во Црна Гора во 1979 година
Наводи
Надворешни врски
Веб-страница за земјотреси на ReliefWeb
Категорија:Историја на Албанија Категорија:Драч Категорија:Земјотреси во 2019 година