Успение на Пресвета Богородица или Свети Никола Летен () — црква во селото Јановени, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Опис Црквата е изградена врз постарата „Св. Никола“. Камениот натпис го дава датумот 18 септември 1903 г. — веројатно датумот на изградба. Храмот е уникатен по двојната женска црква — кат за девојките и кат за мажените жени. Внатре има богато изрезбан и насликан иконостас и владички престол. Двокатната камбанарија е изградена во 1903 г. од истите мајстори чие дело е камбанаријата на „Св. Матрона“ во Пилкати. Во црквата има бакарно кандило на кое пишува „Василис Стефос го подарува на Свети Никола 1769. Село Калугер“.

Галерија

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица, Јановени Богородица, Јановени Категорија:Појавено во 1903 година