Свети Никола () — црква кај селото Граче, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Првобитно била храм на некогашен манастир.
Црквата се наоѓа на мал рид кај Граче. Во близина се остатоците од дреновмакедонскиот град Ватина. Претставува мала еднокорабна црква од камен. Изградена е во 1417 г. во византиски стил, без припрата и со висока полукружна апсида на исток. Освен неа, има мали ниши за ѓаконик и проскомидија. Има димензии од 7 м во должина, 4 м во ширина и 5 м во висина. Покривот е сводест и покриен со камени плочи, сличен на оној на црквите „Св. Стефан“ (IX век) и „Св. Бессребреници“ (XII век) во Костур. Ѕидаријата има керамопластични украси. Ктиторскиот натпис над западната врата гласи: „Се изгради во година 6925 = 1417“ (ΕΚΤΙΣΘΗ ΕΝ ΕΤΗ ΣΤϠʹΚΕ). Храмот неколкупати страдал од палежи и инциденти.Αϊ Νικόλας ο Πετρίτης
Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Никола, Граче Никола, Граче Категорија:Споменици на културата во Нестрам (општина) Категорија:Појавено во 1417 година