Свети Тома () — црква во југоисточниот дел на селото Горенци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот се наоѓа на надморска височина од 1.386 м во источниот дел на планината Габер (Саракина), јужно над Горенци. Таму постоело мало село наречено Саракина, населено со овчари сè до околу 1750 г. Нивен покровител бил Апостол Тома и од таа причина ја изградиле црквата на соседен рид.
Црквата е камена и со многу мали димензии, изградена во XVII или XVIII век. Долга е 3,5 м, широка 2,5 м и висока околу 1,8 м. Вратата е висока само 1,5 м, што е типично за храмовите од ова време. Покривот е ќерамиден, од кои 2-3 се многу стари, со големи димензии (околу 40 × 30 см) и се доста тешки. Внатре има прост олтар, изграден и залепен за источниот ѕид, како и две многу мали ниши.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Тома, Горенци Тома, Горенци