„Очудувања 3“ — збирка куси раскази од повеќе македонски автори, објавена во 2019 година од издавачката куќа „Бегемот“ во рамките на едицијата „Наше маало“.

Содржина Збирката ги содржи следниве 14 раскази:Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019. Ѕвездан Георгиевски, „Патување во волшебната шума“ Ѓоко Здравески, „Горанче“ Ѓоко Здравески, „Не врне, не врне, не дува, не дува“ Тони Миленковски, „Метод на спиење“ Владимир Плавевски, „Спиење“ Владимир Мартиновски, „Мрежа“ Иван Шопов, „Аферата Џон Колтрејн“ Ѓорѓи Крстевски, „Човекот со нож во грбот“ Ненад Јолдески, „Булка во глава“ Наташа Сарџоска, „Месојадно растение“ Андреј Ал-Асади, „Роберт Вртигаз“ Андреј Ал-Асади, „Зам-Зам“ Сања Михајловиќ-Костадиновска, „Погледи“ Билјана Ѓонеска, „И риба и девојка“

Технички одлики Збирката, со обем од 73 страници и димензии од 18 сантиметри, е испечатена во 2018 година, во печатницата „Графоден“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-05-4.Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 73. Графичкото уредување е дело на Наталија Лукомска. Објавувањето на книгата било финансиски помогнато од Град Скопје.Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 2.

Наводи

Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Македонски раскази Категорија:Појавено во 2019 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2019 година Категорија:Книги од 2019 година