Свети Никола () — црква во некогашното село Марчишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. мини|лево|180п|Зачувана фреска во црквата мини|десно|Икона на Христос Седржител од црквата, околу 1200 г. Византиски музеј, Костур. Црквата е многу стара и денес е во урнатини. Од неа во Византискиот музеј во Костур се чуваат две царски двери, 19 икони, 9 делови од резбаниот и насликан иконостас и уште 8 вредни црковни предмети. Од исклучителна вредност е иконата на Христос Седржител, која датира од почетокот на XIII век. Во храмот се зачувани остатоци од фрески.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Слики од црквата

Никола, Марчишта Никола, Марчишта