Свети Јован Претеча () — поранешен манастир кај селото Слимница, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Историја Манастирот се наоѓал непосредно до денешната граница со Албанија, на патот за Арза. Изграден е од жителите на просперитетната влашка паланка Николица. Урнат е со уништувањето на Николица од Али-паша Јанински на крајот од XVIII век. Манастирот имал големи конаци за поклониците, многу гумна и големи земјишни имоти. Мештаните го помнат и како Свети Ѓорѓи.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Јован Претеча, Слимница Јован Претеча, Слимница †Јован Претеча, Слимница