Сливенски манастир „Св. Никола“ ( или Κορομηλιάς) — манастир кај селото Сливени, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Манастирот е сместен северно од Сливени, на левиот брег на Желевска Река, во западното подножје на планината Саракина
Основан е во 1716 г. од мoнахот Мелетиј како наследник на византискиот манастир „Св. Архангели“ кој се наоѓал на север, во клисурата на Сливени.
Се смета дека за време на Охридската архиепископија во манастирот имало духовно училиште со интернат. Кон почетокот на 1870-тите костурскиот владика Никифор ги уништил сите словенски ракописи во манастирот.Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство Фама, София, 2006, с. 29.
За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908) манастирот, под раководство на погрчениот игумен, станал прибежиште за грчките андарти што војувале со четите на МРО. Затоа, на 8 март 1905 г. е изгорен од македонски чети, а игуменот Антим и монахот Дамјан Х. Тоскос се погубени.Каравангелис, Германос, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева“ София, 2001 г., стр. 359. Од манастирот останал само еден сребрен кивор со мошти на Свети Никола и други светци, кој денес се чува во Чуриловскиот манастир. За одмазда, во мај истата година грчките чети го нападнале соседното македонско село Жупаништа.
Поврзано Костурска епархија
Литература Γ. Αλεξίου, Η ιερά μονή Αγίου Νικολάου (Σλίβενης) Κορομηλιάς, εκδ. Αλεξίου, Καστοριά, 2005
Наводи
Категорија:Манастири во Костур (општина) Категорија:Манастири во Костурската епархија Категорија:Цркви во Костур (општина) Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Појавено во 1716 година Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија