thumb|После цветање

Рицинус или морски коноп (Ricinus communis) е вид на скриеносеменици од семејството на млечки. Тој е единствениот вид од монотипниот род и потплемиња. Еволуцијата на рицинусот и неговата врска со другите видови во моментов се проучуваат со користење на современи генетски методи.

Несродниот растителен вид кој има сличен изглед е познат како лажен рицинус-лажно рицинусово растение.

Размножување Рицинусот се размножува со мешан полинационен систем кој претпочита самооплодување по пат на геитоногамија, но исто така може да се вкрстува анемофилно или ентомофилно.

Распространетост Рицинусот потекнува од југоисточниот дел на средоземниот слив, Источна Африка и Индија, но е широко распространет и низ тропските предели (и се одгледува на многу други места како украсно растение).

Употреба Семето на рицинус е извор на рицинусово масло, кое има многу примени. Семето содржи помеѓу 40% и 60% масло кое е богато со триглицериди, претежно рицинолеин. Семето исто така содржи и рицин, токсин кој е растворлив во вода, кој е исто така присутен во помали концентрации во сите делови на растението.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Гравот наречен рицинус може да го намали јаглеродот и да ја поттикне иднината Ricinus communis L. - на Универзитетот Пердју . Рицинус - на Универзитетот Пердју . Ricinus communis (рицинус) на Универзитетот Корнел Ricinus communis во Диви цвеќиња на Израел; Растение од рицинусово масло Цвеќиња во Израел

Категорија:Млечки Категорија:Маслодајни растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј