Обичен руј (, syn. Rhus cotinus) — вид на цветно растение од семејството на руевите (Anacardiaceae), вирее на голема област од јужна Европа, источно низ Средна Азија и Хималаите до северна Кина.
Опис Ова е повеќеразгранета листопадна грмушка која расте 5-7 метри висока со отворена, раширена, неправилна крошна, и ретко формира мало дрво. Листовите се 3-8 см долги заоблени, овали, зелени, со восочен сјај. Есенската боја може да биде разновидна, од праска и жолта до скарлет. Цветовите се многубројни, секој цвет е 5–10 мм во пречник, со пет бледо жолти ливчиња.
Одгледување и употреба Најчесто ова растение се одгледува како украсно растение, со неколку достапни сорти. Многу од нив се избрани за виолетово зеленило и цвеќиња.
Рујот порано се користел за правење жолта боја наречена „млад фустик“.
Галерија
Фосилни записи Макрофосили на обичен руј од раната плиоценска епоха се пронајдени во Западна Грузија во регионот на Кавказ.
Наводи
Надворешни врски Флора Европа: европска распространетост
Категорија:Руеви Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Растителни вапсила