Костурска епархија () — епархија на Цариградската патријаршија, управувана од Грчката православна црква, со седиште во градот Костур, Егејска Македонија.Εκκλησία της Ελλάδος. Ιερά Μητρόπολη ΚαστορίαςΙερά Μητρόπολη Καστορίας
Од долунаведеното може да се види дека Цариградската патријаршија сето време претендирала врз териториите на Охридската архиепископија сè додека не успеала да го издејствува нејзиното укинување во 1767 г.
Историја Во IX век во Македонија имало 18 епископии потчинети на Солунската митрополија: Диоклетијанополската, Никиската, Ираклиската, Келиската, Едеската, Кастренската, Пелската, Евдоксиуполската, Аполониската, Апалската, Партикополската, Каличката, Киперската, Серската, Амфиполската, Неаполската, Делевската и Китроската. Се смета дека Кастренската била она што денес е Костурската.
Во 1018 г. епархијата прешла во Охридската архиепископија и била нејзина првопрестолна епархија од 1020 г. По српското освојување на Костур во XIV век епархијата ја изгубила титулата „првопрестолна“, со тоа што во хрисовулот на царот Стефан Душан за првопрестолик е наречен митрополитот Јован II Скопски, а во 1361 г. титулата ја носел Григориј Деволски. По крајот на српското владеење во 1380 г. титулата му е вратена на Костур, при што во 1383 – 1384 г. епископот Гаврил е наречен за првопрестолник. Кон 1580-тите Костурската била единствената од 17-те епархии на Охридската архиепископија со статус на митрополија — останатите биле епископии. Веројатно е дека повишувањето е направено во XVI век, бидејќи во 1481 г. Јосиф бил наречен за епископ, а во 1532 г. Акакиј бил наречен за митрополит. Титулата на владиката гласела „Неговото Преосвештенство Премудриот и Богобојазлив Митрополит на Пресветата Костурска митрополија“. Костурскиот митрополит ја носел и титулата „Егзарх на цела Дарданија“.
Според Николаос Сјокис помеѓу 1700 и 1773 г. од непознати причини седиштето на костурскиот митрополит е преместено во Клисура.
По затворањето на Охридската архиепископија во 1767 г., Костурската, заедно со другите епархии на архиепископијата станала непосредно потчинета на Цариградската патријаршија, и така останала сè до 1928 г. Митрополитот ја носел титулата „Егзарх на цела и стара Бугарија“ (поради бугарските освојувања на Македонија), повикувајќи се на местото на епархијата во хиерархијата на Охридската архиепископија. Подоцна титулата е заменета со „ипертим и егзарх на цела Македонија“. Епархијата го заземала 87. или, според други податоци, 83. место во хиерархијата на Патријаршијата.
По основањето на Бугарската егзархија, Костур станал седиште и на егзархиски архијерејски намесник. Според „Католичка енциклопедија“ од 1908 г. во градот имало околу 10.000 Турци, Грци и Македонци, од кои на бугарската епископија ѝ припаѓале 2.224 семејства, 32 свештеници и 22 цркви.
мини|250п|Ктиторскиот натпис на „Пресв. Богородица Апостолачка“ (1605/1606) со името на митрополитот Митрофан мини|250п|Надгробен камен на митрополитот Генадиј. мини|250п|Црквата „Пресв. Богородица Куполна“ во Костур.
Владици Костурски епископи и митрополити на Охридската архиепископија (до 1767 г.) и Цариградската патријаршија + Име Грчки Години Јован Ιωάννης во 1150 г., зачуван е негов печат Константин I Костурски Κωνσταντίνος споменат околу 1232 г. Гаврил Костурски Γαβριήλ наречен епископ и првопрестолник во ктиторскиот натпис на „Св. Атанас Музачки“ од 1383 – 1384 г. Јосиф Костурски Ιωσήφ 1481 г., епископ на Костур, Молиск и Населица Акакиј Костурски Ακάκιος споменат на 16 јули 1532 и 1542 г. Методиј Костурски Μεθόδιος митрополит, споменат во декември 1544 или 1551 г. на натпис во „Пресв. Богородица Елеуса“ Евтимиј I Костурски Ευθύμιος во 1564 г. Јоасаф Костурски Ιωάσαφ во 1565 г., учествувал на Цариградскиот собор на кој е соборен патријархот Јоасаф II Максим Костурски Μάξιμος споменат во 1572 г. Висарион Костурски Βησσαρίων споменат на 28 февруари 1577 г. Софрониј Костурски Σωφρόνιος 1578 - 1580 Михаил Костурски Μιχαήλ пред 1594 г. Нектариј Костурски Νεκτάριος митрополит, споменат во 1593 г. на натпис во „Св. Никола Митрополитски“ Митрофан Костурски Μητροφάνης на почетокот на XVII век Харитон I Костурски Χαρίτων 1618 г. Јеротеј Ιερόθεος 1621 г. Теофилакт Костурски Θεοφύλακτος 1622 г. Харитон II Костурски Χαρίτων според различни извори најраната година е 1623, а најдоцната е 1639, нејасно дали тој и Харитон I се една иста личност Кипријан Κυπριανός пристигнал во Русија во 1651 г., споменат од вторични извори без повикување на извори Арсениј Костурски Αρσένιος според различни извори, најраната година е 1641, а најдоцната е 1657, во 1654 г. споменат на натпис во „Св. Никола Кирички“ Герасим II Палада Γεράσιμος 1677 – 1686 Давид Митилинец Δαβίδ Μυτιληναίος 1660 - 1694 Дионисиј Мандука Διονύσιος 1694 – 1719, споменат на епитаф од 1707 г. во „Св. Никола Каривски“ Хрисант Костурски Χρύσανθος споменат на натпис од 1727 во „Св. Јован Претеча Позерски“ Евтимиј II Костурски Ευθύμιος во 1767 г. Генадиј Γεννάδιος ? – 1793 Антим Костурски Άνθιμος ? – 1799 Неофит Костурски Νεόφυτος октомври 1799 – февруари 1835 Атанасиј Митилинец Αθανάσιος февруари 1835 – јануари 1841 Никифор I Костурски Νικηφόρος јануари 1841 – 28 јуни 1874 Иларион Костурски Iλαρίων 16 јули 1874 – 30 април 1880 Константиј Исаакидис Κωνστάντιος 30 април 1880 – 27 ноември 1882 Кирил Димитријадис Κύριλλος 27 ноември 1882 – 11 октомври 1888 Григориј Дракопулос Γρηγόριος 11 октомври 1888 – 10 октомври 1889 Филарет Вафидис Φιλάρετος 10 октомври 1889 – 8 мај 1899 Атанасиј Капуралис Αθανάσιος 3 јуни 1899 – 28 септември 1900 Герман Каравангелис Γερμανός 21 октомври 1900 – 5 февруари 1908, основоположник на грчката вооружена пропаганда во Македонија Јоаким Ваксеванидис Ιωακείμ 14 февруари 1908 – 15 јули 1911 Јоаким Лептидис Ιωακείμ 2 август 1911 – 6 декември 1931 Никифор Папасидерис Νικηφόρος 22 март 1936 – 14 август 1958 Доротеј Јанаропулос Δωρόθεος 26 септември 1958 – 13 јули 1974 Григориј Мајстрос Γρηγόριος 14 јули 1974 – 30 мај 1985 Григориј Папуцопулос Γρηγόριος 21 ноември 1985 – 30 јануари 1996 Серафим Папакостас Σεραφείμ 5 октомври 1996 – 29 декември 2020 Калиник Георгатос Καλλίνικος 10 октомври 2021 -
Управници на Костурската егзархиска епархија + Име Години јеромонах Сава Цеков 1890 – 1895 свештеник Трпо Поповски 1895 – 1896 архимандрит Козма Пречистански 1896 – 21 декември 1897 свештеник Никола Шкутов 21 декември 1897 – 1902 свештеник Григориј Попдимитров 1902 – 1905 архимандрит Методиј Димов 1905 – 1907 архимандрит Иларион Николов 1907 – 30 ноември 1909 архимандрит Панарет Наумов 30 ноември 1909 – јуни 1913
Манастири + Манастир Нас. место Ајтоски манастир „Св. Архангели“ Ајтос Борботски манастир „Св. Ѓорѓи“ Борботско машки Забрденски манастир „Св. Ѓорѓи“ Забрдени женски Загоричански манастир „Св. Петка“ Загоричани машки Клисурски манастир „Рождество на пресв. Богородица“ Клисура женски Олишки манастир „Св. Врач“ Олишта машки „Пресв. Богородица Мавровска“ Костур машки „Пресв. Богородица Пројавена“ Костур женски Сливенски манастир „Св. Никола“ Сливени Статички манастир „Св. Илија“ Статица Чуриловски манастир „Св. Никола“ Чурилово женски
Архијерејски намесништва и парохиски храмови десно|мини|250п|Црквата „Св. Никанор“ во Нов Чифлик.