Степски орелНазив на страницама Српског орнитолошког друштва, посећено 10. јуна 2013. () — орел со средна големина од семејството јастреби () кој се размножува во јужните степски региони на Русија, Африка, Средна Азија, Арабија, Индија, Монголија и Кина. Женката снесува до три јајца, на кои заедно со мажјакот лежат 40-50 дена.

Опис лево|мини| Степски орел Степскиот орел е орел со средна големина со распон на крилата од 165 до 190 см, може да порасне 62-74 см. Тежи 1,5-3,5 кг. Може да живее 50-60 години. Се движи помалку од другите орли. Се храни со мали цицачи до големина на зајак, особено со глодачи, поради што се преселува во области каде што ги има повеќе. Исто така, фаќа птици и инсекти, како и трупови. Понекогаш краде храна фатена од други ѕверови. Делумно е птица преселница.

Се наоѓа на знамето на Казахстан.

Распространетост лево|thumbtime=1|мини|Степски орел, Саудиска Арабија 1993. мини|Јајца од степски орел (Aquila nipalensis) Се размножува на територијата што се протега од Романија на запад, преку јужна Русија и степите на Средна Азија, до Монголија на исток. Снесува 1-3 јајца во гнездото што го прави на дрво. Европските и централноазиските популации презимуваат во Африка, а источните популации во Индија.

Може да се види и во југоисточен Пакистан, особено во Карачи. За време на преселбата, во Непал може да се забележат голем број птици. Во текот на октомври и ноември до 15,3 птици на час.DeCandido, R.; Allen, D.; Bildstein, K.L. (2001). „The migration of Steppe Eagles (Aquila nipalensis) and other raptors in central Nepal, autumn 1999”.

Живеалиште Населува суви живеалишта, како што се пустини, полупустини, степи и савани. Се храни претежно со свежи мрши од сите видови, но повремено лови жив плен, мали цицачи како глодачи и зајаци и мали птици не поголеми од еребици. Исто така, храна може да обезбеди со крадење од други грабливци.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Steppe eagle species text in The Atlas of Southern African Birds

Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Загрозени видови според МСЗП Категорија:Грабливи птици Категорија:Орли Категорија:CS1-одржување: користи параметар authors