мини|386x386пкс| Со последното митарење на црвот се формира имаго со крилја Во биологијата, имагото е последната фаза која инсектот ја има за време на неговата метаморфоза, процесот на раст и развој. Кога ќе истече времето за мирување на куклата, нејзината кошула (exuvia) прска и низ направениот отвор излегува совршен инсект-имаго

На пример, кога пеперутката излегува од кошулката, таа е влажна и мека, нејзините крилја се залепени и не може да лета.

Функцијата на имаго претежно се сведува на размножување на видот. Имагото на некои видови умира по парењето, иако има и имаго на други видови кои живеат неколку години по парењето (на пр. бубачки). Меѓу инсектите најдолг живот имаат женките на социјалните инсекти; ( матица на домашни пчели до 5 години), (кралици на мравка до 12 години), (женски на термити до 15 години).

Трансформации на инсекти

(ќе се развие без или со многу мала трансформација). Инсектите со оваа трансформација имаат примарна ларва. Тие се развиваат по принципот јајце - ларва - имаго. (нецелосна метаморфоза). Се јавува кај инсекти кои имаат примарна или секундарна ларва, кои личат на својот имаго и кои со секое пресоблекување добиваат се повеќе имаго органи ( крилја, пипала, полови органи). Тие се развиваат на принципот на јајце - примарна ларва - имаго. (целосна трансформација). Се јавува кај инсекти кои имаат терциерна ларва, која останува со нејзините привремени органи до крајот на нејзиниот развој и која е потполно различна од имагото. Се развиваат по принципот на јајце - терцијална ларва - кукла - имаго. ( хиперметаморфоза )

Наводи

Категорија:Инсекти