Константин I Велики (латински: Constantinus I, Magnus или Flavius Valerius Constantinus), (Ниш, 28 февруари 274 - 337) - римски владетел од 306 до 337 година, кој заедно со Лицијан, владетел на Римското Царство. Тој претставува последниот Римски цар кој управувал со целата Империја.

Во 313 година го издава Миланскиот едикт со кој се забранува прогонството на христијаните и се прокламира верска толеранцијаI. Shahîd, Rome and the Arabs (Washington, D.C.: Dumbarton Oaks, 1984), 65–93; H. A. Pohlsander, "Philip the Arab and Christianity", Historia 29:4 (1980): 463–73.. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почна да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година ја преместува престолнината на царството на исток во Цариград (денешен Истанбул).

Рани години Константин е роден во Наисус (денешен Нишhttp://www.newadvent.org/cathen/04295c.htm, Србија) во римската провинција Мизија на 27 февруари 272 (274, 280 или 282 година), како син на римскиот воен водач Констанциј I Хлор и неговата прва сопруга Елена, која имала исклучително важно влијание во животот на својот син. Неговото семејство веројатно го усвоило името „Флавиј“ откако добило државјанство од еден од флависките цареви, бидејќи било вообичаено „новите Римјани“ да ги усвојуваат имињата на нивните добротвори.

Во 292 година, според новиот државен систем на Тетрархијата, Констанциј Хлор бил избран за помлад совладетел на империјата со ранг Цезар, заедно со Галериј, по одлука на царевите Диоклецијан и Максимијан. Поради тоа, Констанциј fMacMullen, Constantine, 21. бил принуден да ја напушти ЕленаDrijvers, J.W. Helena Augusta: The Mother of Constantine the Great and the Legend of Her finding the True Cross (Leiden, 1991) 9, 15–17., мајката на Константин, за да се омажи за Флавија Максимијана ТеодораBarnes, Constantine and Eusebius, 3; Elliott, Christianity of Constantine, 20; Lenski, "Reign of Constantine" (CC), 59–60; Odahl, 47, 299; Pohlsander, Emperor Constantine, 14., ќерка (или доведена ќерка) на западноримскиот август МаксимијанBarnes, Constantine and Eusebius, pp. 8–14; Corcoran, "Before Constantine" (CC), 41–54; Odahl, 46–50; Treadgold, 14–15.. Години подоцна, по смртта на неговиот татко, Константин I целосно ја рехабилитирал својата мајка Елена како "Августа, мајка на Цезар". Теодора родила шест деца, полубраќа и полусестри на Константин, вклучувајќи го и Јулиј Констанциј.

Младиот Константин добил воено образование, започнал да зборува грчки јазик и се интересирал по филозофијаBarnes, T.D., Constantine and Eusebius Cambridge, MA and London, 1981.. По назначувањето на неговиот татко за еден од двајцата цезари во тетрархијата во 293 година Константин служел во дворот на ДиоклецијанBarnes, Constantine and Eusebius, 3; Lenski, "Reign of Constantine" (CC), 59–60; Odahl, 56–57. во Никомедија.

Патот кон власта

Во 305 година двајцата августи, Диоклецијан и Максимијан абдицирале од престолот и Констанциј Хлор ја прифатил од Максимијан функцијата август на западот. Иако и двајцата импператори имале свои легитимни синови Константин и Максенциј, тие биле запоставени при предавањето на власта. Наместо тоа источниот август Галериј го назначил за цезар Флавиј Валериј Север и Максимин Даја. Галериј побарал Константин да остане кај него како заложник и подмолно се обидувал да го убие. Во 306 година Константин успеал да ја напушти Никомедија и да се приклучи на својот татко во Галија. Констанциј сепак се разболел за време на експедицијата против пиктите во Каледонија и починал на 25 јули 306 година во Јорк. Таму војводата од алеманско потекло Хрок и војниците верни на Констанциј, веднаш го прогласиле Константин за август.

Според правилата на тетрархијата, вклучувањето на Константин во власта претставувало политички чин со несигурен легитимитет. Додека Констанциј Хлор како август можел да создаде нов цезар, Константиновите (или поточно оние на војниците му) претензии кон титулата август го игнорирале системот на наследување утврден во 305 година. Константин побарал од Галериј да биде прогласен за наследник на татковиот престол, но Галериј му ја дал само титулата Цезар додека оваа титула му ја дал на Флавиј Север. Ова било доволно за да воспостави власт на Константин над териториите контролирани од неговиот татко.

Цар на Западот лево|мини|Статуа на Константин во Јорк, местото каде бил прогласен за август во 306 година. Константиновиот дел од империјата во тоа време ги опфаќала Британија и Галија, германските погранични провинции, Рејнски лимес. Тој застанал на чело на една од најголемите римски војски, сместена по должината на важната рејнска граница. Галија претставувала една од релативно богатите региони на империјата, која пострадила во голема мера во времето на кризата од 3 век. Многу области биле напуштени а градовите биле уништени и срушени. За време на престојот во Галија, од 306 до 316 година, Константин ги продолжил напорите на својот татко за обезбедување на рејнската граница и обновување на галските провинции. Неговата главна резиденција во тоа време бил градот Трир.

Веднаш по неговото унапредување во цар, Константин ја завршил британската кампања на Констанциј I Хлор и се вратил во Галија, за да го задуши бунтот на Франките. Друга експедиција против франкски племиња следувала во 308 година. По победата над Франките тој започнал со изградба на мост над Рајна кај Келн, за да воспостави постојано утврдување на десниот брег на реката. Новиот поход во 310 година морал да биде напуштен поради бунтот на Максимијан, опишан подолу. Последната војна на Константин на рејнската граница била во 313 година, по неговото враќање од Италија, во која тој повторно излегол како победник. На крајот на краиштата бил склучен мир со Франките и тие станале римски федерати.

Константин успеал да постигне стабилност преку непосредни, често брутални експедиции против бунтовничките племиња. Поголемиот дел од заробените варвари биле убивани на арената во игри за забава на народот. Стратегијата се покажала успешна и рејнската граница останала релативно мирна во управувањето на Константин.

Крај на Тетрархијата

При избувнувањето на внатрешните конфликти во тетрархијата, Константин претпочитал да остане неутрален во однос на другите земји. Во 307 година август Максимијан (неодамна се вратил на политичката сцена по абдикацијата во 305 година) го посетил Константин, за да добие поддршка во војната која ја водел тој и неговиот син Максенциј против Флавиј Север и Галериј. Константин се оженил за ќерката на Максимијан - Фауста, за да ја зацврсти унијата и бил унапреден од Максимијан во август. Сепак Константин не се мешал активно во војната на страната на Максимијан во Италија.

Во 307 година Флавиј Север бил поразен и отстранет, а Италија, Шпанија и Северна Африка паднале под управата на Максенциј, кој сепак немал желба да ја подели власта со неговиот татко Максимијан. Максимијан се вратил кај Константин во Галија во 308 година, откако не успеал да тргне од престолот својот син. Подоцна истата година, на соборот во Карнунт помеѓу Диоклецијан, августот Галериј и Максимијан, последниот бил принуден да абдицира повторно, а Константин повторно му била намалена титулата во цезар како син на август, заедно со Максимин Даја.

Во 309 година Максимијан се обидел да дојде на власт по третпат и започнал војна со својот зет, додека Константин водел поход против Франките по рејнската граница. Бунтот бргу бил задушен и Максимијан бил убиен или принуден да се самоубие во Марсеј. Константин и Максимијан Даја биле разочарани од одземањето на титулите и назначувањето на Лициниј за август и потоа јавно се изјасниле против оваа одлука, прогласувајќи се за августи, што во крајна линија било потврдено од Галериј во 310 година, по што империјата официјално имала четири августи. Во 311 година Галериј, последниот владетел со доволно авторитет, починал и системот на тетрархијата започнал да се распаѓа. Во последователната борба за власт Константин стапил во сојуз со Лициниј, додека Максимијан Даја се свртил кон Максенциј кој сѐ уште официјално се сметал за узурпатор.

Победа над Максенциј

По смртта на Галериј во 311 година, римската империја била управувана од страна на Максенциј (306–312), Максимин Даја (310–313), Лициниј (308–324) и самиот Константин. Максенциј, исто како и Константин, посакувал својата власт да не се ограничува со налозите дадени од страна на останатите владетели односно од страна на Тетрахијата. Во текот на 312 година, Константин со 40.000 војници се упатил од Британија кон Италија. Од друга страна пак, Максенциј го чекал Константин со армија од околу 75.000 до 120.000 војници. Така, според легендата, пред битката против Максенциј, истата година, Константин размислувал на кој бог да му се моли. Еден ден околу пладне, на небото видел нишан - светол крст и напис: “Со овој знак ќе победиш”. Тоа го виделе и неговите војници. Потоа следната ноќ на Константин и во сонот му се јавил Спасителот со истиот знак и му рекол да направи војнички знак како тој што го видел на небото, да го носи пред војската и ќе го победи непријателот. Утрото им го раскажал сонот на своите пријатели и веднаш повикал златари за да го направат крстот онака како што тој им го опишал.

Со овој знак Константин влегол во борба против Максцениј, кој со силна војска бил утврден во близината на Рим и лесно го победил. Бегајќи со многу војници Максцениј се удавил во реката Тибар на 28 октомври 312 година. Константин влегол во Рим, радосно пречекан од населението затоа што го ослободил градот. Во 314 година Лициниј се ставил на страната на Басијан, против Константин I Велики. Во оваа граѓанска војна, Константин I го победил Линциј во Панонија на 8 октомври 314 година. Иако претрпел уште еден пораз, повторно дошло до склучување на мир, во кое Лициниј ја добил Тракија, Сирија и Египет. Подоцна, Константин I Велики започнал повторно војна со Лициниј, заробувајќи го во Византион, денешен Истанбул. По ова тој бил преместен во Солун во т.н. куќен притвор. Кога се обидел да дигне повторно револт, Константин I Велики наредил да биде убиен.

Милански едикт

По огромната победа во Рим, Константин донел закон, познат под името Милански едикт во 313 година, со кој го забранил прогонувањето на христијаните, им дозволил да градат храмови и во нив да се молат. Константин среде Рим подигнал споменик на овој знак со што означил дека тој е чувар на Римското Царство. Подоцна изградил и статуа со својот лик со крст во десната рака и со напис на латински јазик: ”Со овој спасоносен знак што е сведоштво на вистинската храброст го ослободив нашиот град од јаремот на тиранското владеење, на сенатот и на римскиот народ им ја вратив слободата и поранешниот украс и сјај”.

Константин и христијанството thumb|лево|150px|„Св. апостоли Константин и Елена“, православна икона thumb|right|200px|Константин Велики, мозаик во Света Софија, Цариград, околу 1000 г. Константин е можеби најпознат по тоа што е првиот христијански римски цар. Неговото владеење претставува пресвртна точка за христијанската црква. Константин пред Битката на Милвианскиот мост во 312 година погледнал нагоре кон сонцето и видел голем светлосен крст со натпис на грчки: "ΕΝ ΤΟΥΤΩ ΝΙΚΑ" По ова, Константин наредил штитовите на секој војник да се украсат со христијански симбол (Чипо)R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55; cf. Eusebius, Life of Constantine . Во битката, Константин излегол на крај како победник и завладеал со целата империја. Колку Константин го прифатил христијанството во тој период е тешко за објаснување. Највлијателните соработници на Константин сѐ уште биле со пагански обичаи. На римските монети, кои биле направени по осум години по Битката на Милвианскиот мост, сѐ уште биле насликани римските боговиR. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55.