Свети Ѓорѓи () — црква во селото Света Петка, Кукушко (или Валовишко), Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена околу 1800 г. Претставува трикорабна базилика типична за своето време. Има димензии од 15,30 × 12,30 м. Внатре има богати оригинални украси, по што се разликува од традиционалната иконографија од почетокот на XIX век.

На 21 февруари 1989 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.

Поврзано Полјанско-кукушка епархија

Наводи

Ѓорѓи, Света Петка Ѓорѓи, Света Петка Категорија:Споменици на културата во Кукуш (општина) Категорија:Појавено во 1800 година