Стадион Лусаил Ајконик или стадион Лусаил () — фудбалски стадион во Лусаил, Катар. Финалиот натпревар од Светското првенство во фудбал во 2022 година ќе се одигра на стадионот Лусаил.
Стадионот Лусаил е најголемиот стадион во Катар, и е во сопственост на Фудбалската асоцијација на Катар. Исто така, Лусаил е еден од осумте стадиони во Катар кои се пренаменети за Светското првенство во фудбал 2022.
Стадионот се наоѓа на околу 23 километри северно од главниот град на Катар, Доха.
Изградба Процесот за пренамена на стадионот започна во 2014 година.
Дизајнот на стадионот е дело на британската фирма Foster + Partners и Populous, поддржани од MANICA Architecture. Стадионот има капацитет од 80.000 седишта. За климатизација на сите стадиони во Катар на кои ќе се играат натпреварите од светското првенство ќе се користи сончева енергија, со што ќе има нула јаглероден отпечаток.
Изградбата на стадионот започнала на 11 април 2017 година. Првичната проценка била дека стадионот ќе биде завршен во 2020 година. Притоа, било планирано да биде домаќин на неколку пријателски натпревари пред да биде користен за Светското првенство. Но, стадионот бил завршен во 2021, и ќе биде домаќин на 10 натпревари вклучувајќи го и финалето.
По Светското првенство, се очекува стадионот да се редизајнира во стадион со 40.000 седишта. Останатите седишта ќе бидат отстранети, и заедно со другите делови ќе се пренаменат во простор достапен на заедницата со продавници, кафулиња, спортски и образовни објекти и здравствена клиника.
Светско првенство на ФИФА 2022 година Стадионот Лусаил ќе биде домаќин на десет натпревари од Светското првенство во фудбал во 2022 година, вклучувајќи го и финалето. Датум Време Тим бр. 1 Резултат Тим бр. 2 Рунда Присуство 22 ноември 2022 13:00 1–2 Група Ц 24 ноември 2022 22:00 2–0 Група Г 26 ноември 2022 22:00 – Група Ц 28 ноември 2022 22:00 – Група Х 30 ноември 2022 22:00 – Група Ц 2 декември 2022 22:00 – Група Г 6 декември 2022 22:00 Победникот од група Х – Второпласираниот од група Г Осминафинале 9 декември 2022 22:00 Победникот од натпревар 49 – Победникот од натпревар 50 Четврт-финале 13 декември 2022 22:00 Победникот од натпревар57 – Победникот од натпревар 58 Полуфинале 18 декември 2022 18:00 Победникот од натпревар 61 – Победникот од натпревар 62 Финале
Поврзано Спортска арена Лусаил, Лусаил, Катар
Наводи
Категорија:Згради и градби во Катар Категорија:Стадиони за Светското првенство во фудбал 2022 Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците