Свети Атанас () — црква во селото Бугариево, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е главна знаменитост на селото. Според месните преданија, изградена е на местото на манастир основан од монахињата Пелагија во XVII век кој горел на три наврати. Во денешниот облик црквата е изградена во 1858 г. и претставува трикорабна поствизантиска базилика со убава женска црква, дрвен парапет, насликан иконостас и фрески од XVIII век. Во минатото, на селската слава (2 мај) се е правел курбан. Иконите во црквата се дело на Константин Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Црквата работела од 1860 г. до 1967 г., кога била затворена околу шест месеци поради пукнатини на ѕидовите. Тогаш нејзината парохија се споила со соседната парохија „Свети Пантелејмон“. Во 1977 г. е изградена нова црква, осветена на 2 октомври 1977 г. од Дионисиј Неаполско-ставруполски. Новата црква е трикорабна базилика, живописана во 1986 г. Следната година се додадени надворешна колонада и трем.
Храмот е прогласен за историски споменик на 10 јули 1985 г.
Поврзано Полјанско-кукушка епархија
Наводи
Атанас, Бугариево Атанас, Бугариево Категорија:Споменици на културата во Илиџиево (општина) Категорија:Појавено во 1858 година Атанас, Бугариево