Свети Ѓорѓи () — црква во гратчето Гуменџе, Ениџевардарско, Егејска Македонија, катедрален храм на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Црквата е изградена во 1864-1869 г. според натписот на неа, со средства и труд на мештаните. Од крајот на XIX до почетокот на XX век црквата била во ацете на Гуменџиската грчка црковна општина. Сè до 1991 г. била парохиска црква на Гуменџе, а потоа станала катедрала на новата митрополија.

Во 1991 г. храмот е прогласен за споменик на културата.

Во март 2012 г. започнал целосен ремонт на црквата, кој завршил во 2016 г.

Опис Храмот претставува импресивна трикорабна базилика која потсетува на црквите „Св. Ѓорѓи“ во Цариград (главната патријаршиска катедрала), „Св. Мина“ во Солун и „Св. Антониј Нов“ во Бер. Има галерија и трем од југ, запад и север. Има димензии од 33,8 × 22,7 м, не сметајќи ги конхите на олтарот. Корабите се поделени со колонади од седум пара столбови, при што последната е зад олтарот и е неоформена. Црквата има богата резбана внатрешност — иконостас, владички престол, балдахини, чесна трпеза, амвон и проскинитар.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Ѓорѓи Ѓорѓи, Гуменџе Категорија:Споменици на културата во Гуменџе Ѓорѓи, Гуменџе Категорија:Појавено во 1862 година