Света Недела () — црква во селото Либаово, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е гробишен храм во западниот дел на селото. Изграден е во првата половина на XIX век или според други податоци во 1850 или околу 1860 г. Претставува трикорабна базилика, типична за македонските цркви во своето време. Има внатрешни димензии од 7,6 × 13,1 м. Храмот има два влеза — од југ и од запад. Над трегера на южната стена е запазена камената плоча со траги од фреска на покровителката. Конхата на апсидата одвнатре е полукружна, а а однадвор е многуаголна со слепи лакови. Нишите на ѓаконикот и жртвеникот не излегуваат од источниот ѕид. Црквата е опожарена во 1928 г. и уништени се сите дрвени елементи внатре и надвор – тремот на запад и на југ, галеријата на запад, столбовите, дрвените тавани и резбаните елементи. Дрвеният покрив на храмот е обновен.

Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Гуменџиско-бојмичко-ругуновска епархија

Наводи

Недела, Либаово Недела, Либаово Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина)