Свети Ѓорѓи () — црква во селото Пејзаново, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е најверојатно изградена во 1800 г. Според други податоци, храмот е од 1867 г. Нема зачуван натпис за изградбата, но архитектурата и иконостасните икони се од првата деценија на XIX век, и датирањето се води по нив. Во 1885 г. е подигната величествена камбанарија. Во 1867 г. црквата е проширена на запад, како што се гледа од внатрешната колонада и натписот на внатрешниот влез. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. Иконостасот е насликан во 1812 г. и важи за одличен пример за копаничарската уметност. Иконите и полилејот се од истиот период.
Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Неаполско-ставруполска епархија
Наводи
Ѓорѓи, Пејзаново Ѓорѓи, Пејзаново Категорија:Споменици на културата во Капуџилар-Хортач Категорија:Појавено во 1800 година